Селена Гомез откри зошто Тејлор Свифт плачела кога ја слушнала нејзината нова песна

Младата пејачка и актерка, која пред две имаше трансплантација на бубрегот и која со години се бори со болеста лупус, неодамна открила многу интимни работи за себе и својот живот во најновото интервју.

Селена Гомез откри дека Тејлор Свифт плачела кога ги слушнала нејзините две нови песни, „Lose You to Love Me“ и „Look at Now Now“. Тејлор и нејзината мајка биле сведоци на 10-годишната сага и на своето „насилство“ и „емотивниот хаос“ што Селена го преживела, пишува магазинот „Мари Клер“.

– Никогаш нема да заборавам кога ги пуштив снимки од овие песни во куќата на Тејлор пред нејзините родители. Ние сме другарки повеќе од една деценија. Отидов кај неа дома и ја прашав дали ги погледнале снимките, кога Тејлор тргна низ куќата и ги исклучи светлата додека моите песни беа пуштени.Таа и нејзината мајка почнаа да плачат. Солзите се пролеваа и одеднаш застанаа и тоа ме натера да почнам да плачам, не затоа што песната беше добра, туку затоа што двете беа со мене во текот на целото тоа патување во приватниот живот, тие плачеа затоа што беа горди што започнав нова етапа во мојот живот што не вклучуваше насилство, емоционален хаос. Ми беше мило. Почувствував како да се две постари сестра и тетка кои се горди на мене. Среќна сум што ги имам – рекла Селена.

Image result for selena gomez taylor swift instagram

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*