Никола Љушкоски во студиото на “ИНТВ” промовираше две песни

Никола Љушкоски во студиото на ИН Продукција промовираше две песни. Станува збор за една авторска песна и една стара македонска од неговиот роден крај.

Охридскиот музичар Никола Љушкоски деновиве сними спот за песната “Роден крај” која што е со печалбарска тематика. Но, покрај оваа песна тој во студиото на ИН продукција промовираше уште две други. Една од нив е свадбарска песна и е насловена “Син женам”.

-Во студиото претставивме уште две песни, Син женамкоја е моја авторска песна. Случајно патувајќи, се враќав од свадба во ноќта слушав некоја музика па ми дојде некоја идеја да направам една таква свадбарска песна, затоа што најповеќе работиме со тој жанр на музика и приватни забави. Песната е мое авторско дело, мои се текстот и музиката, аранжманот е на Сашо Ливрински и снимена е во студиото на Љупчо Соколовски-Бубе.-истакна Љушкоски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Втората песна која што ја претстави во студиото, носи наслов “Лилјано моме”. Станува збор за стара македонска песна, која уште многу одамна се пеела во неговиот роден крај. Неговата цел, како што вели е повторно да ја оживее оваа песна.

-Другата песна е народна од нашиот крај, кога сум ја слушал од дете бидејќи од тогаш се пееше таа песна. Песната беше доста заборавена, јас сакав тоа да го обновам и да ми се оддолжам на моите предци и поколенија. Таа песна се вика Лилјано моме, народна песна, јас народно слушав и тоа најповеќе се пеело од одамна, но сега е заборавено и како што прашував за спомените дали некој се сеќава, имаа заборавено. Сепак јас бидејќи од мали нозе ја негувам музиката и ете се сетив на таа песна и сакав да ја оживеам.-вели тој, во интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, Никола Љушкоски е добро познат на јавноста по бројните настапи кои што ги има во Охридско-Струшкиот регион. Тој е најчесто ангажиран на семејните прослави и свадби.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*