Иницијатор за “Весели Ѕвончиња” е 4 годишната ќеркичка на Гоце Балада

Главен иницијатор за фестивалот “Весели Ѕвончиња”, а воедно и кума на детскиот фестивал е четири годишната ќеркичка на Гоце Илиески-Балада. Гоце се потпишува како комплетен автор на сите песнички на фестивалот.

Заврши првото издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња”, кој што се одржа во Прилеп. Во интервјуто за ИН ТВ, Гоце Илиески-Балада, кој што е уметнички директор на фестивалот ни раскажа како дошла идејата за организирање на ваков настан и кој е главниот иницијатор за ова детско фестивалче.

-Главен иницијатор беше мојата четири годишна ќеркичка која што ме копира на еден начин, во однос на се. На нејзина четири годишна возраст има компонирано, креирано околу 4-5 детски песнички. Така да, тргнува по стапките на тато. Таа сакаше да направиме еден ваков детски фестивал Весели Ѕвончиња, нејзина беше идејата, нејзин беше и насловот па можам да кажам дека таа е кумата. Од друга страна, главниот организатор Драган Јанкоски четири-пет години барал композитор кој што можел да се јави како севкупен автор на сите детски песни кои што ќе се појават на фестивалот, а јас барав менаџмент тим кој што може да го поткрепи сето ова. Така да, дојде до една меѓусебна, обострана соработка и во глобала сум задоволен. А доказ за тоа е оваа преполна сала со многубројна публика, два пати имавме преполна сала.-истакна Илиески, за естрадниот магазин Естрада плус.

Како комплетен автор на сите дванаесет песни се потпишува Гоце Илиески-Балада, а аранжманот го направи Рубин Димкоски. Гоце открива колку време му е потребно за да подготви една убава детска песна.

-Јас за една година имам направено, нескромно ќе кажам, над 100 детски песни. Ние правиме песни по нарачка, значи секое дете кај нас што ќе се пријави си одбира тема, си одбира наслов и врз основа на таа тема јас за 5-6 минути ја креирам песната, ја создавам и тоа е тоа.-вели тој, за гледачите на ИН ТВ.

Гоце се надева дека нивниот фестивал, кој помина повеќе од успешно со две претстави во еден ден и две преполни сали, во иднина ќе прерасне во традиција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*