Џенифер Лопез изгледа како милион долари

Пејачката и глумица Џенифер Лопез која неодамна беше номинирана за Златен Глобус, не престанува да шармира со својот младолик изглед и беспрекорна фигура.

Иако летово го прослави 50-годишниот роденден, таа изгледа како да е на самиот почеток на кариерата, без ниедна бора на лицето и со тело извајано од вежбањето во теретана.

Поп дивата неодамна го привлече вниманието на улиците на Мајами со белиот припиен фустан до колена кој во преден план ги стави нејзините раскошни облини. Џеннифер својот стајлинг го надоплни со проѕирни потпетици и црвена Булгари ташна.

 

  

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*