Харизма бенд и Ивана Наумова снимија заеднички видео проект

Харизма бенд и Ивана Наумова во соработка со ИН Продукција снимија заеднички видео проект. Станува збор за еден сплет со свадбарски песни и еден сплет со кафански песни за уживање.

Момците од Харизма бенд и нивната колешка Ивана Наумова деновиве неуморно работат на новиот заеднички проект. Харизма бенд се добропознати на јавноста по нивните песни “Литар вино” и “Лична невеста”, додека Ивана учествуваше на годинешното издание на Фолк Фест Валандово каде што настапи со песната Не ти верувам. Како што знаеме, тие од неодамна настапуваат заедно, а пред Новогодишните и Божикни празници одлучија на јавноста да и подарат видео проект, кој се состои од два сплетови, еден со добро одбрани свадбарски песни, а другиот како што велат со кафански составен од песни за душа.

 –Па еве да им доловиме на гледачите овде сме веќе неколку часа и како што може да забележите атмосферата е максимално опуштена. Се наоѓаме во најубавата Винарија “Queen Marija” во Демир Капија. Снимаме, се забавуваме, па се надевам дека оваа енергија ќе успееме да ја пренесеме кај секој што ќе ужива гледајќи и слушајќи ги Харизма бенд и Ивана-истакна Александар, машкиот вокал на бендот.

-Навистина атмосферата е прекрасна, предновогодишна и убаво се забавувавме. Се надевам дека и гледачите ќе се забавуваат кога ќе не гледаат.-изјави Ивана, за естрадниот магазин Естрада плус.

-Овој проект опфаќа два вида на сплетови. Првиот е свадбарски, наменет за свадби и се надеваме дека сите  кои ќе го слушаат тој проект, сите домови кои ги очекува таква свадбена веселба, ќе имаат можност да уживаат во тој сплет. Додека вториот сплет е кафански, за кој што ни е замислено секој кој ќе го слуша, да ужива со една добра чаша црвено вино. Во оваа прилика ги поздравувам вашите гледачи и еве од Харизма бенд им поклонуваме едно Новогодишно издание и им посакуваме да уживаат.-вели Ѓорѓи Манев.

Инаку, како што велат од бендот, идејата за снимање на ваков проект била на целиот бенд, а песните се бирани по нивни вкус.

-Нашите очекувања се големи, очекуваме овој проект да ни донесе многу успех, затоа што миксовите се навистина како што кажа Ѓорѓи, песни за душа и безвременски песни има во нив.-Александар.

Целиот видео проект во најскоро време ќе биде премиерно прикажан на сателитската ИН Телевизија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*