Годинава беше поуспешна од претходната за Христијан Стојоски

Оваа година беше малку поуспешна од претходната за младиот и талентиран пејач Христијан Стојоски кој важи за еден од најбараните во Охридско-Струшкиот регион.

2019-та година полека изминува, а нашите музичари периодов на големо се подготвуваат за Новогодишните и Божикни празници. Во студиото на ИН Продукција ни гостуваше младиот пејач Христијан Стојоски, кој накратко ни раскажа како помина оваа година за него и колку беше успешна.

-Оваа година, исто како и минатата, но и малку поуспешна од претходната година. Поминав доста добро, се надеваме дека следната 2020-та ќе биде уште подобра. Продолжуваме понатаму, не застануваме со музиката и исто со творењето на нови песни, со настапи.-истакна Стојоски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Кога станува збор за неговите планови за следната година и снимањето нови песни, тој вели дека однапред не планира ништо, остава сето тоа да биде спонтано, но со сигурност песни ќе има.

-Кај мене спонтано доаѓаат песните, не можам да кажам отсега дека на пример за два месеци ќе излезе нова песна, се додека не сум сигурен за тоа. Не можам да кажам за колку време би имало нова песна, но сепак ќе има. Да ми дојде таква емоција, да напишам таква песна каква што сакам и каква што мислам дека може да успее, до тогаш може публиката да ја слуша новата песна, а исто така и моите претходни песни.-вели тој, во интервјуто за ИН ТВ.

Христијан деновиве во соработка со ИН Продукција на неколку локации во Охрид го сними неговиот најнов спот за песната “Плачи срце”. Спотот во најскоро време ќе биде премиерно прикажан на сателитската ИН Телевизија.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*