Сузана Гавазова : Се надевам дека многу семејства ќе се вратат да живеат во Македонија

Сузана Гавазова пред извесен период заедно со нејзиното семејство се врати да живее во Македонија. Нејзиниот пример, се надева дека ќе го следат многу македонски семејства кои живеат надвор од границите на нашата земја.

Иако одредено време живееше во Шведска, која важи за една од најубавите земји во Европа, сепак нашата фолк дива Сузана Гавазова реши да се врати во Македонија заедно со сопругот и нејзините две ќеркички. Таа се надева дека нејзиниот пример ќе го следат и останатите македонци кои живеат надвор од Македонија, со надеж дека повторно ќе се вратат во родната земја.

-Знаев дека има многу македонци овде. Жал ми е што си отидоа од Македонија и некако длабоко во себе живее надежта дека еден ден ќе се вратат. Јас намерно се вратив од Шведска во Македонија, за и другите да земат пример од мене затоа што навистина Македонија е многу убаво место за живеење. Имаме убава клима, земјата е плодна и раѓа многу производи, така да не знам. Ако има Господ, еден ден ќе се вратат сите.-вели познатата пејачка, во интервју за ИН ТВ.

Инаку, Гавазова во интервјуто за периодот кој следи најави нова песна, во модерен стил, за која што деновиве ќе сними и спот во соработка со ИН Продукција.

-Спремам многу нови песни, нови материјали и спотови. Имам една нова песна која што сеуште не е издадена, треба да снимам спот за неа. Ќе биде модерна песна на српски јазик овојпат и морам да кажам дека Хало која што ми е на српски, ја снимив и на македонски. Сите песни кои ги снимам на српски, ќе имаат секако и македонска верзија.-додава Сузана, за естрадниот магазин Естрада плус.

Кога станува збор за нејзините ангажмани, таа периодов има бројни настапи низ земјава, а со оглед на тоа што се приближува и Новогодишната Ноќ, најверојатно за Дочекот на Новата 2020 година, Сузана Гавазова ќе биде повторно во Радовиш.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*