Конечно !!! Одобрена визата на Ташко Каранфиловски за Австралија

Ташко Каранфиловски конечно доби виза за Австралија. Тој за Најлудата Ноќ е веќе резервиран во “Dolton House” Сиднеј, каде што ќе настапи заедно со Благојче Стојановски-Туше, Гоце Петрески-Бананата и младиот трубач Стефан Ночевски.

Откако претходната година беше одбиен за виза, годинава Ташко Каранфиловски ќе патува за Австралија на голема турнеја. Веќе е закажан неговиот настап за Новогодишната Ноќ во “Dolton House” во Сиднеј.

-Се надеваме дека ќе е се во ред. За првпат ќе биде ова за Австралија, минатата година бев одбиен и не добив виза. Но, оваа година 99,9 отсто работите се организирани и Најлудата ноќ ќе ја поминам заедно со мојот кум и со прекрасните гости во Австралија.-вели Ташко, за естрадниот магазин Естрада плус.

За Дочекот на Новата 2020 година Ташко ќе настапи со Гоце Петрески-Бананата, младиот трубач Стефан Ночевски, како и неговиот кум Благојче Стојановски-Туше, кој во моментов остварува уште една Австралиска турнеја.

-За Нова година ќе бидам со Гоце Петрески-Бананата, Ташко Каранфиловски кој за прв пат ќе дојде во Австралија, естраден уметник од Македонија, а заедно со нас ќе настапи и Стефан Ночевски кој што е од Мелбурн.-додава тој, во интервјуто за ИН ТВ.

Ташко неуморно работи на својата музичка кариера и секој момент го користи за снимање нов материјал. Изминатиов период промовираше спот за песната која е посветена на неговата сопруга, а носи наслов “Само едно ми е важно”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*