Виртуозот на кларинет Илија Ампевски раскажува за почетоците

Познатиот виртуоз на хармоника Илија Ампевски беше гостин во емисијата “Минути со…” која се емитува на сателитската ИН ТВ. Тој за гледачите раскажува како започнала неговата музичка приказна и на колку години почнал да свири на кларинет.

Илија Ампевски важи за еден од најпознатите кларинетисти на македонската естрада. Тој во емисијата “Минути со…” која што се емитуваше пред неколку денови на сателитската ИН Телевизија, меѓудругото раскажа и за неговите почетоци во музичките води.

-Јас почнав од 7-8 години, имав кавалче, татко ми тогаш ми имаше купено блок флејта ( пластично ). Почнав со тоа и секогаш кога баба ми си слушаше музика пробував сам да си ги најдам нотите. Уште тогаш ја засакав музиката и видов дека има нешто во мене што ме привлекува. Татко ми пееше во Кочо Рацин и настапуваше со културно уметнички друштва и тој ген за музика од него го носам. Многу сакаше хармоника да свирам, но тој сакаше, јас не сакав, па дури и ми најде учител во тоа време да ме научи, но не се пронајдов во тоа.

Имаше еден концерт татко ми за Армијата во Петровец, пееше со Кочо Рацин и ме однесе да слушам. Таму свиреше Стефан Христовски и кога го слушнав кларинетот срцето ми заигра. Тука се роди таа желба за кларинетот. Потоа купивме кларинет, а во исто време и саксофон и тоа не алт, туку тенор од големите многу убав и така почнав.

-Истовремено ги свирев и кларинетот и саксофонот, почнав од 10 години интензивно, 6 години учев во Нижо Музичко училиште во Скопје. А доста интересно е тоа што народната музика напоредно со класичната музика ја сакав и ја учев.-додава Ампевски.

Целата емисија може да ја проследите во продолжение !!!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*