Ријана на доделување награди се појави во нејзина креација

На доделувањето на британските модни награди, Ријана се појави во несекојдневен стајлинг со кој го привлече вниманието на приустните.

На доделувањата на наградите “British Fashion Awards” ја освоила наградата “Urban Luxe” за својот придонес за спортската облека, а за таа прилика посебно се подготвила.

ФОТО: ПРОФИМЕДИА

Ријана на црвениот тепих  се прошета во гламурозно и поприлично необично еднобојно издание со сопствениот потпис. Од глава до пети носела зелена боја, а искомбинирала свилена мини тоалета со корсет и капут со ракавици. Прерамките на моделот се обложени со циркони, кои одат околу вратот и на грбот, па изгледаат како ѓердан.

ФОТО: ПРОФИМЕДИА

Иако, даде се од себе да остави позитивен впечаток, овој пат Ријана не успеа да ја воодушеви публиката, ниту ги воодушеви модните критичари.

Меѓутоа, многумина беа воодушевени од нејзината фризура и се сложија дека одлично и стојат плетенки.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*