На својот роденден Наум Петрески ќе промовира нова песна и спот

На неговиот роденден, Наум Петрески ќе промовира нова песна и спот. Веднаш после промоцијата, ќе се стационира во Охридско-Струшкиот регион каде што сака да ги помине престојните празници.

Македонскиот легендарен пејач, Наум Петрески никогаш не мирува и секој момент го користи да сними нешто ново. Тој на неговиот роденден, на 7-ми декември ќе одржи официјална промоција на нова пилот песна, а ќе ја претстави заедно со спот.

-Секако јас секогаш работам. Сега подготвувам промоција на 7-ми декември каде што ќе бидете уредно поканети да бидете дел од мојата пилот песна на мојот роденден. Ќе има нов спот и нова песна, еден Новогодишен подарок од мене за моите фанови.-истакна Петрески, за естрадниот магазин Естрада плус.

Наум периодот кој следува ќе го искористи за престој во Охридско-Струшкиот регион од каде што и потекнува.

-Оваа година сакам да си останам тука, да си бидам во мојот Охридско-Струшки регион и така да си ги поминеме тука сите празници до Св. Јован. Тука ќе бидам, ќе се дружиме, ќе се гледаме во секое време.-вели Наум во интервјуто за ИН ТВ.

Како што вели во интервјуто за ИН ТВ, Новогодишните и Божикни празници сака да ги помине со неговите најблиски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*