Ицко Ѓорѓиовски потекнува од музичка фамилија

Прилепчанецот Ицко Ѓорѓиовски потекнува од музичка фамилија. Хармониката започнал да ја изучува уште од 5 годишна возраст.

Ицко Ѓорѓиовски важи за доста искусен музичар кој што потекнува од музичка фамилија. На хармоника свири од мали нозе, а за гледачите на ИН ТВ накратко ни раскажа како започна љубовта кон музиката.

-Почнав со музика од моите 5-6 години и можам да кажам дека поголема беше хармониката од мене. Потекнувам од музичка фамилија и по страна од мајка ми и од татко ми, значи цела фамилија ми се музичари. Јас многу сериозно си ја сфатив работата сега. Активно со музицирање започнав од мои рани 14 години. Мојот прв настап беше во Император на мои 14 години, но сепак работев со повозрасни луѓе околу мене кои ми го покажуваа патот по кој треба да се водам и мислам дека сум на правиот пат.-истакна Ѓорѓиовски за естрадниот магазин Естрада плус.

Ицо пред само неколку денови во соработка со ИН Продукција го сними спотот за неговото прво инструментално оро кое е насловено “Етно Фанк”. Спотот се снимаше во кафе барот “Onyx”, а дел и во студиото Просаунд кај Славко Ристески. Инаку, “Етно Фанк” е авторско дело на Ицо.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*