По издавањето на албумот Милован Секулоски работи на нови песни

Милован Секулоски не запира. Откако го промовираше албумот на кој што има десет песни, тој најавува подготовка на нов материјал.

Охриѓанецот Милован Секулоски пред само неколку денови преку официјална промоција го претстави неговиот прв албум, но и прв спот за “Еј песно наша”, која што е носечка песна на цд-то.

Во интервјуто за ИН ТВ тој истакна дека тука не запира и со засилено темпо продолжува да работи на новиот материјал.

-После промоцијата на албумот продолжуваме понатаму и работиме малку поинтензивно на издавање на нови песни. Да не е како досега, многу пати гостував на разни емисии и кажував кога ќе биде првиот албум, после Нова година, после Велигден, затоа сега одлучив дефинитивно да го издадеме и после тоа работиме турбо.-изјави Секулоски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Покрај подготовката на новите песни, периодов продолжуваат ангажманите по рестораните низ Охридско-Струшкиот регион. Милован и група Носталгија за Најлудата ноќ, односно за Дочекот на Новата 2020 година се веќе резервирани во ресторанот Виа Игнациа во Вевчани.

-За Дочекот на Новата година сум во ресторанот Виа Игнациа во Вевчани заедно со група Носталгија.-додава тој во интервјуто.

Спотот за “Еј песно наша” го изработи ИН Продукција, а беше премиерно претставен на сателитската ИН Телевизија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*