Даниела и Тик Так задоволни од првата песна “После тебе”

Даниела и Тик Так се задоволни од нивната прва песна “После тебе” која што беше промовирана пред околу година дена.

“После тебе” е насловот на првата авторска песна од Даниела и Тик Так, која што ја промовираа при крајот на минатата година. Со оваа песна тие настапија на Изборот на Летен Фолк хит кој што се одржа во Општина Новаци и добија громогласни аплаузи од тамошната публика. Даниела при интервјуто за ИН ТВ истакна дека е презадоволна од реакциите на јавноста и коментарите за оваа песна.

-Јас сум задоволна од првата песна, Е сега како публиката ја прифати, јас според реакциите на многубројната публика која што беше присутна на изборот на Летен Фолк хит во Новаци, мислам дека е добро прифатена бидејќи имаше позитивна реакција и задоволна сум. Исто и таа песна е повеќе за девојките, мислам дека тие повеќе ќе се пронајдат и во едната и во другата песна.-изјави Даниела, за естрадниот магазин Естрада плус.

Со оглед на тоа што нивните две песни ги посветуваат на девојките, велат дека можеби нивната следна песна ќе биде за момчиња, но за тоа лека полека бидејќи во моментов се сконцентрирани на промоција на песната “Нула”.

-Па можеби третата песна ќе биде за момчиња, но засега нема да има ништо. Најпрво ќе оставиме оваа песна да си земе свое место. Секогаш имаме планови, но да ја испромовираме сега песната Нула. Ќе одиме полека, но сигурно.-додава таа во интервјуто.

Инаку, “Нула” е нивната втора авторска песна за која што снимија и спот во соработка со ИН Продукција. Спотот е веќе пуштен во етер, а може да го погледнете и на јутјуб каналот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*