Судот и го одзеде синот на Северина

Северина Којиќ го изгуби спорот со нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ околу старателството над синот Александар.

Судијата Теа Голуб донесе привремена мерка со која се одлучува детето да живее со неговиот татко Милан кој сам ќе се грижи за здравјето и образованието на синот.

По оваа одлука на судот, Којиќ беше шокирана и накратко со солзи во очете ја прокоментира одлуката.

„Не знам што да ви кажам. Не очекував вакво нешто бидејќи е направено прекинување во постапката“ изјави Северина.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Екс сопругот на Северина, Милан Поповиќ не сакаше да ја коментира одлуката на судот, но откри дали својот син ќе го однесе во Србија.

„Што се однесува до одлуката знаете дека не можам многу да коментирам. Не можам да ви давам коментари, но можам да ви кажам дека нема никаков српски пасош, тоа е медиумска провокација, а јас сега ви кажувам дека детето ќе остане во Загреб“ вели Поповиќ.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Многубројни јавни личности ја подржаа хрватската пејачка, а меѓу нив и Јелена Карлеуша која на социјалните мрежи напиша;

„На кого да го предаде детото? На личноста која не сакаше да го гледа во текот на првите години? Северина е прекрасна, пожртвувана мајка, а интересот на секое дете е да биде покрај мајката“ напиша Јелена на „Инстаграм“:

За потсетување, Северина пред една недела ја објави својата песна „Роѓено мое“ која посвети на нејзиниот син.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*