За првпат во Прилеп : Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња”

За првпат во Прилеп ќе се одржи Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња”. На фестивалот ќе има дванаесет нови песнички, а организаторите ветуваат многу забава за најмладите.

На 14-ти декември во Домот на Културата “Марко Цепенков” во Прилеп, за првпат ќе се одржи Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња”. Организаторите и дечињата кои ќе учествуваат на фестивалот веќе ги прават последните подготовки.

-Дванаесет нови детски хитови ќе бидат промовирани на овој наш детски фестивал. Подготовките се веќе во тек, единствено останува во следниот период да се подготвиме да ги примиме сите оние деца и останати посетители кои ќе сакаат да ги слушнат премиерно нашите песни.-истакна организаторот Драган Јанкоски.

Организаторите најавуваат нешто сосема ново, а пред се ветуваат одлична забава за сите присутни гости. Како што велат, пред секоја песничка ќе има и видео најава од секој учесник.

Официјално тие видеа се најава пред почетокот на секоја песна. Во глобала, се надевам дека публиката ќе биде задоволна затоа што ова ќе биде нешто ново и нешто што досега се нема појавено на сцената.-вели во интервјуто за ИН ТВ, Гоце Илиески-Балада кој што е уметнички директор на фестивалот.

-Навистина ова е доста одговорна работа. Веќе половина година ги имаме подготовките, а тоа што се одлучивме да биде во мецес декември е наш придонес кон тоа да ги разубавиме Новогодишните и Божикни празници. Едноставно со песна да ги пречекаме сите тие весели моменти и сите убави денови кои престојат во пречекот на Новата година.-додава Јанкоски, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, одзивот за учество на овој фестивал според нив, бил доста голем и затоа одбрани се најдобрите гласови. Покрај од градот Прилеп, ќе има учесници од Крушево и Радовиш.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*