“Етно Фанк” е првенчето на Ицко Ѓорѓиовски

Познатиот музичар Ицко Ѓорѓиовски деновиве сними спот за неговото првенче кое што носи наслов “Етно Фанк”. Орото во кое што главен инструмент е неговата хармоника е авторско дело на Ицо бидејќи како што вели тој самиот ја компонирал музиката, нота по нота.

“Етно Фанк” е насловено првото интрументално оро од познатиот музичар Ицко Ѓорѓиовски, во јавноста познат како Ицо Бухала. Како главен инструмент во ова музичко дело се јавува хармониката, која Ицо одлично ја владее уште од најрана возраст.

Орото си доби и свое видео, кое што се снимаше во Прилеп, а во соработка со ИН Продукција.

-Проектот кој го снимив го крстив “Етно Фанк” бидејќи има елементи на етно музика, а има и фанк. Затоа го склопив како “Етно Фанк”. Околу снимањето беа ангажирани повеќе лица, како за прво видео и моја лична карта можам да кажам дека се помина во најдобар ред, но секако ќе видиме на екраните како ќе изгледа сето она кое го сработивме. Снимањето се одвиваше во кафе барот “Onyx” во центарот на Прилеп, ќе ги поздравам во оваа прилика бидејќи сепак без нивна помош немаше да стигне до ова.-истакна Ѓорѓиоски при интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, орото “Етно Фанк” е авторско дело на Ицо, а е снимено во студиото ПроСаунд кај Славко Ристески. Иако е ова негово првенче, тој очекува да биде добро прифатено од јавноста, а за следниот период најавува нови музички дела.

-Ова е мое прво оро и би сакал да кажам дека секоја нота е моја. Со помош на Славко Ристески и студито “Prosound Production”, мислам дека ќе се слушне дека е нешто квалитетно. Ова ми е првенче и сега сакам да редам уште дела понатаму. Имам многу идеи, но никогаш не сум се ангажирал вака многу сериозно. Сега се надевам дека ќе редам едно по едно и дека ќе стигнам до албум.-додава тој, за гледачите на ИН ТВ.

Ицо е добропознат на јавноста по неговите бројни ангажмани низ локалите и на семејните прослави ширум земјава, а најчесто настапува со група Астрион и Билјана и Борис Димови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*