Сузана Гавазова периодов со бројни ангажмани во Македонија

Атрактивната фолк пејачка Сузана Гавазова има бројни настапи низ нашата земја. Нејзината агенда е постојано исполнета, а веќе ги остварува последните преговори за настап на Новогодишната ноќ.

Откако нашата фолк дива, Сузана Гавазова заедно со нејзиното семејство се врати да живее во Македонија, нејзините ангажмани низ земјава постојано се зголемуваат. Веќе е во преговори и за настап за Најлудата Новогодишна ноќ, кој што би требало да биде повторно во Радовиш.

-Моите ангажмани се претежно во Македонија, најчесто на приватните забави. За Нова Година се преговара за Радовиш, минатата година бев таму и оваа година мислам дека повторно ќе сум таму, затоа што лани преубаво си поминавме таму и оваа година сакаат истото да се повтори.-истакна Сузана во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Кога станува збор за турнеите во подалечните земји, Гавазова вели дека периодов сака малку да одмори од патувања и да им остави простор на нејзините фанови кои живеат надвор од земјава, да станат желни за неа.

-Јас имав многу понуди и преговарав со многу менаџери од Австралија и Америка, но мислам дека треба уште малку да почекам луѓето да станат желни за мене и да велат…Ајде каде е Сузана?! Тоа сакам да го слушнам.-вели Гавазова, за естрадниот магазин Естрада плус.

Таа во интервјуто за ИН ТВ меѓудругото за периодот кој следи најави нова песна на српски јазик, за која што деновиве ќе сними спот кој ќе биде во соработка со нејзините долгогодишни соработници од ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*