Влатко Миладиноски ќе настапи на фестивал следната година

“Често настапувам на фестивалите, но не редовно”. Ова го истакна Влатко Миладиноски во интервју за ИН ТВ додавајќи дека сака да настапи секогаш кога има добра и квалитетна песна.

Познатиот фолк пејач Влатко Миладиноски често може да го погледнеме на некој од фестивалите кои што се одржуваат во нашата земја. Влатко вели дека секогаш кога ќе направи добра песна, сака да ја претстави на фестивал.

-Настапувам често, меѓутоа не редовно. Така да, не знам ќе видиме од следната година. Јас најчесто се ориентирам според она што имаме, според тие песни, па ако имаме некоја таква тогаш размислуваме воопшто на кој фестивал и според песната гледаме како би одговарала, за кој фестивал и зависи на која тематика е, во кое време. Гледам да сум актуелен на одредено време на сите фестивали, да не бидам само на еден секоја година или на сите секоја година што е многу тешко. На неколку години, одвреме навреме ги посетувам сите фестивали, гостуваме секогаш кога има да кажеме нешто. Ако немам нешто спремно тогаш си го гледаме фестивалот на телевизија.-истакна Миладиноски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, пред само краток период, Влатко сними спот за неговата печалбарска песна “Се вратив сине”. Снимањето се одвиваше на неколку локации низ Швајцарија, во соработка со ИН Продукција. Спотот се очекува да биде промовиран во најскоро време на сателитската ИН ТВ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*