Атрактивната Антониа Гиговска најавува нови песни и спот

Релативно млада, но доста успешна. Антониа Гиговска во интервју за ИН ТВ за следниот период најави неколку нови песни во соработка со Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Антониа Гиговска ни е добропозната по големиот успех кој што го имаше во српското талент шоу. За неа може слободно да кажеме дека е девојка со магичен глас. Иако е релативно млада, таа зад себе веќе има неколку хитови, “Никогаш не вели никогаш”, “Могли смо у двоје”, “Ванила”-заедничката песна со ДНК, “Слаба страна”. Но таа тука не запира, периодов веќе подготвува нови песни кои ќе бидат во соработка со Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

-Подготвувам нова песна со Дарко Димитров и уште три или четири песни со Лазар Цветкоски. Сега не знам дали ќе бидат три од Лазар или две од Дарко, не се знае уште битно е тоа што работам на нови песни и спотови. Се враќам во Македонија и почнувам турбо со работа. Спотот го снимам со Даниел Јовески и не го менувам мојот тим. Викторија Бурса која што е моја стилистка и која што секогаш се грижи за мојот изглед, Даниел Николовски за шминка и навистина ми е многу мило што имам таков тим позади мене и ќе има многу нови проекти.-изјави Гиговска, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Антониа во интервјуто за ИН ТВ вели дека со оглед на бројните обврски и ангажмани кои што ги има во следниот период, албумот кој што го најавува малку ќе се одложи. Но, на нејзините фанови им ветува дека лека полека и песна со песна ќе го комплетира албумот.

-Јас и досега имам најавено дека подготвувам албум. Тоа ќе биде за малку подолго време од очекуваното, но секако дека спремам албум и би сакала да успее, побрзо да ги направиме песните, па да одам во студио да ги отпеам. Но, знаеме колку сите се зафатени и јас сум презафатена и навистина треба период онака да се посветиш само на музика.-додава таа, за гледачите на ИН ТВ.

Извонредната Антониа, неодамна гостуваше на хуманитарен концерт во Швајцарија, кој што беше во организација на Македонското друштво “Пирок”. Антониа направи прекрасна атмосфера пред присутните гости, а најмногу и се израдуваа нејзините најмлади фанови кои заедно со неа играа и пееја на сцената.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*