Ален Хасановиќ за Нова Година во Копенхаген

Ален Хасановиќ за Дочекот на Нова година ќе пее во Копенхаген. Инаку, тој има бројни ангажмани низ скоро сите градови во Македонија, а покрај обврските со настапите, Ален одвојува време за снимање нови песни.

За него може слободно да се каже дека е еден од најбараните пејачи во Македонија. Ален Хасановиќ во интервју за ИН ТВ открива дека покрај настапите во земјава, доста е голем бројот и на ангажманите низ Европските земји. За Дочекот на Новата 2020 година Ален е веќе резервиран во Копенхаген.

-Искрено да ви кажам секој викенд сум зафатен. Еве би сакал да најавам дека за Нова година ќе бидам во Копенхаген. Така да, за другите свирки верувајте дека точно не можам да ви кажам дека не ги ни знам, менаџерскиот тим се грижи за тоа. Најбитно е да има работа, луѓето да се задоволни од мене и дај Боже да е така секогаш.-изјави Хасановиќ, за естрадниот магазин Естрада плус.

Иако е презафатен со настапите, тој секогаш пронаоѓа време да работи на неговата музичка кариера и да снима нов материјал. Како што вели во интервјуто, има неколку нови песни, а периодов ќе промовира и спот.

-Јас имам уште седум осум нови песни. Сега треба да излезе песната која носи наслов Тражим те. Спотот е готов уште пред година и пол, снимен е во Дубаи, еден дел во Абу Даби и еден дел во Македонија, така да, еве сега се монтира. Спотот го работеше мојот брат, па наскоро ќе биде новата песна Тражим те.-додава тој, во интервјуто.

Ален неодамна беше дел од музичарите кои настапија на хуманитарниот концерт во Швајцарија, кој што беше во организација на Македонското друштво “Пирок”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*