Несреќа на концертот на Северина

Една од најголемите хрватски ѕвезди Северина неодамна ја започна својата турнеја „The magic tour“. Како дел од оваа турнеја, Северина пред некој ден одржа и спектакуларен концерт пред полната „Штарк Арена“ во Белград.

На концертот освен нејзините фанови присуствуваа и голем број на јавни личности. Меѓутоа, кога започна концертот односно во текот на изведбата на првата песна се случи незгода во „Штарк арена“.

Имено, Северина се појавила на сцената и почнала да пее, а во салата се слушнало врескање, пишува ало.рс

„Рефлекторот пукна, а стаклото се разлета право на публиката. Девојките вреснаа, како што видовме, малку ги повреди скршеното стакло, а обезбедувањето веднаш ги тргна“, открил очевидец и додава:

„Откако е избегната трагедија, обезбедувањето остана да стои на местото каде што беше стаклото за да никој не се приближи и да не се повреди. За среќа, се помина добро и никој не се повреди“ вели сведокот.

Но и покрај сето она што се случи на овој концерт, Северина не запира и продолжува со својата турнеја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*