Даниела и Тик Так го снимија првиот спот

“НУЛА” е насловот на најновата песна од Даниела и Тик Так. За оваа песна тие снимија и спот, кој го работи ИН Продукција. Песната НУЛА, Дани ја посветува на сите оставени девојки. 

Даниела и Тик Так, деновиве во соработка со ИН Продукција го снимија првиот спот. Станува збор за нивната втора песна која што е насловена “НУЛА”. Снимањето помина во доста интересна атмосфера, а се одвиваше на повеќе локации во Прилеп.

-Се снимаше на повеќе локации во Прилеп, во пресрет ни излезе ресторанот Центар, хотел ресторан Атлас, Авто Контрол-Технички преглед за коли, како и  кафе барот Булевар. Се ни беше на дофат, немавме многу раздвижување и мислам дека кога е се на едно место, се излегува како што треба.-истакна Даниела, за естрадниот магазин Естрада плус.

Текстот за оваа песна го напиша Љупчо Василев, а музиката и аранжманот се на Славко Ристески од студиото Про Саунд од Прилеп, каде што воедно е снимена песната “НУЛА”.

Даниела во интервјуто за ИН ТВ накратко ја раскажа приказната која што се одвива во видеото.

-Оваа песна е дефинитивно за девојките, според мене. Текстот развива таква приказна да се работи за заљубен пар кои што претходно имале одлична врска, биле доста заљубени. Но, по некое време се случува нешто и дечкото ги губи чувствата, си има свои мисли и идеи, му излегуваат разни личности, девојката е скршена и останува сама. Се покорува и пробува да го врати на некој начин и да ги врати тие чувства што претходно ги имале и тие убави моменти, но за жал не успева и останува сама.-открива пејачката, за гледачите на ИН ТВ.

Со оглед на тоа што станува збор за песна која што е во брз и динамичен ритам, Дани вели дека очекувањата се големи и се надева дека песната ќе допре до јавноста, посебно до женската популација.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*