Вистинско освежување во етерот : Ѓоко Танески ја изненади јавноста со новата песна

„Една љубов имам“ е насловена новата хит песна на охриѓанецот Ѓоко Танески. Песната навистина внесува свежина во репертоарот на Ѓоко и е нешто сосема поразлично од се што сме чуле од него досега.

Ѓоко Танески се враќа на музичката сцена со нешто ново и поразлично од досега. Тој пред само неколку дена ја објави неговата најнова песна која што носи наслов „Една љубов имам“, со што на убав начин успеа да ги изненади своите фанови.

Станува збор за доста емотивна песна на која како автор се потпишува добро познатиот Николче Мицески, додека пак текстот го напиша лично Ѓоко.

За песната „Една љубов имам” популарниот пејач од Охрид сними и спот, на кој како режисер се потпишува еден од најдобрите – Даниел Јовески.

„Задоволен сум од финалниот производ и искрено се надевам дека песната ќе и се допадне на мојата публика. Сакав да внесам малку свежина, да направам нешто малку поразлично, нешто ново“, вели Танески.

Освен во песната, гледачите имаат можност да уживаат и во спотот во кој што се претставени и убавините на Охрид.

Во продолжение погледнете го видеото и  уживајте во прекрасната песна !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*