Погледнете го новиот спот од Живе Мешуревски

Дали го погледнавте и дали ви се допадна новиот спот од младиот и талентиран Живе Мешуревски за песната “Не плаши се” ?!

Живе Мешурески го промовираше спотот за неговата најнова песна која што носи наслов “Не плаши се”.

нимањето се одвиваше на неколку прекрасни локации во Преспанскиот регион, а во соработка со ИН Продукција.

-Најпрво би сакал да кажам дека имав желба и спотот за првата песна да го снимам во Преспанскиот регион, но околностите тогаш не дозволија, па овојпат решив и сакав да биде во Ресен и ете ми се оствари желбата. Снимавме во околината на Отешево и во Претор на крајбрежјето на убавото Преспанско езеро.-истакна Мешуревски неодамна, за естрадниот магазин Естрада плус.

Текстот за песната го напиша добропознатиот текстописец Борче Нечовски, а музиката и аранжманот се дело на Дејан Момировски.

Во продолжение погледнете го спотот !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*