Дамјан најавува два фестивалски настапи

Два фестивалски настапи за престојниот период најавува Дамјан Стојаноски. Тој ќе учествува на фолк фестивалот “Филиграни”, како и “Роса Фест”.

Дамјан Стојаноски често настапува на фестивалите низ Македонија. Во неодамнешното интервју за ИН ТВ открива дека во периодот кој следи му претстојат два фестивалски настапи. Подготвува песна за фестивалот “Филиграни” и една дует песна со Стојне Николова за “Роса Фест”.

-Ќе настапувам на престојните фестивали, Фолк фест Филигрании Роса Фест. За Филиграни имам песна од Ристо Краповски, а на Роса Фест ќе пеам со мојата колешка Стојне Николова. Музиката и аранжманот на таа песна се на Бобан Мојсовски, а текстот е мое дело.-истакна Дамјан, за естрадниот магазин Естрада плус.

Тој во интервјуто меѓудругото накратко ни раскажа како дошло до соработка со неговата колешка Стојне.

-Неколку пати сме имале соработка по настапи и така дојдовме до идеја да направиме и еден дует и се надевам дека добро ќе излезе.-додава тој,

Инаку, Дамјан изминатиот викенд беше дел од екипата која настапуваше на големиот хуманитарен концерт во Швајцарија, каде што се собраа 11 000 франци кои ќе бидат донирани на десет лица од Македонија на кои што им е потребна најголема помош.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*