Влатко Миладиноски ќе одмори од патувањата, периодов ќе се фокусира на ангажманите во земјава

Годинава имаше бројни настапи надвор од нашата земја. Влатко Миладиноски вели дека периодов ќе одмори од патувањата и ќе се фокусира на неговите ангажмани во земјава.

Влатко Миладиноски важи за еден од најбараните фолк пејачи како во Македонија, така и надвор од нашите граници. При неодамнешното интервју за ИН ТВ тој се пофали дека оваа година му била доста исполнета со патувања надвор од земјава, како што вели најмногу досега. Но, време е да се одмори од тие патувања и да се фокусира на неговите ангажмани во Македонија, кои периодов ги има во голем број.

-Продолжуваме со редовните настапи низ Македонија овој период. Малку да се одмориме од патувањата бидејќи оваа година беше навистина бурна, со многу многу патувања како никогаш досега за мене, така да сега ќе се фокусираме малку повеќе на настапите низ Македонија. Од следната година ни престојат нови патувања, па да се спремиме и да собереме енергија.-вели Миладиноски, за гледачите на ИН ТВ.

Влатко, неодамна престојуваше во Швајцарија по повод хуманитарниот концерт, но престојот го искористи за да сними нов спот, заедно со екипата на ИН Продукција. Станува збор за неговата печалбарска песна Се вратив сине, која што се наоѓа на третиот негов албум. Песната е дело на неговиот брат Златко Миладиноски кој ги направи музиката и аранжманот, додека текстот е на Драган Матески. Спотот се очекува да биде премиерно прикажан деновиве на сателитската ИН ТВ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*