Фолк дивата Сузана Гавазова најавува нова модерна песна во нејзин стил

Нова модерна песна и спот, најавува фолк пејачката Сузана Гавазова. Песната ќе биде готова деновиве, а веднаш потоа ќе се сними и спотот во соработка со ИН Продукција.

Сузана Гавазова важи за една од најатрактивните и најбарани фолк пејачки на македонската естрада. Таа зад себе има бројни хитови, а секој момент го користи да сними нов материјал. Во неодамнешното интервју за ИН ТВ, таа открива дека подготвува нова модерна песна, за која што ќе сними и спот.

-Спремам многу нови песни, нови материјали и спотови. Имам една нова песна која што сеуште не е издадена, треба да снимам спот за неа. Ќе биде модерна песна на српски јазик овојпат и морам да кажам дека Хало која што ми е на српски, ја снимив и на македонски. Сите песни кои ги снимам на српски, ќе имаат секако и македонска верзија.-истакна Гавазова, за естрадниот магазин Естрада плус.

Покрај овие песни, Сузана вели дека во следниот период ќе сними и македонски песни кои што ќе го имаат традиционалниот македонски мелос.

-Инаку планирам и македонски песни со македонски мелос, да звучат баш така убаво македонски со зурли и тапани, но малку ќе има и модерни елементи.-додава таа за гледачите на ИН ТВ.

Песна по песна, нашата позната пејачка планира да комплетира и нов албум. Таа вели дека на секоја песна и дава доволно време и простор да заживее кај луѓето.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*