“Танец” ги сплоти македонците во Австралија

По 11 години “Танец” повторно блесна во Австралија. Македонскиот фолклор ги обедини македонците, кои што дојдоја во голем број да ги видат играорците од “Танец” и да уживаат во македонските песни и игри.

И како што со очекуваше, Македонскиот “Танец” преку традиционалните македонски песни и игри ги обедини македонците во Австралија. По 11 години, “Танец” повторно блесна пред нашинците, а никој не остана рамнодушен на грациозноста на девојките и стаменоста на момците на Танец, кои што имаа прекрасно македонско претставување на австралискиот континент.

-Пред се благодарност до вас, ИН  ТВ што дојдовте да не посетите на нашиот концерт во “Recital Centre”. Можам да кажам дека поминуваме прекрасно време и фасцинираме сме од тоа каков топол пречек добивме од нашите македонци тука. Се чувствуваме буквално како да сме дома и таа енергија која ние ја чувствуваме од вас, секако ќе  биде преточена на сцената вечерва во Мелбурн со тоа што играорците и сите членови на Ансамблот ќе го дадат максимумот и ќе пробаат да допрат до сите срца на публиката која што е присутна.-истакна Мартин Вучиќ, за гледачите на ИН ТВ.

-Можам да кажам што претставува фолклорот за нас македонците пред се. Тоа е  нашата лична карта, нашиот идентитет, единственото нешто што ни остана во животот и што нас не декларира како македонци. Тоа што Танец го работи со седум децении наназад е печат на едно минато и да кажеме еден патоказ на една иднина. Многупати сум го кажал ова, ние сме единствената институција од тој карактер која што негува тотално македонска музика, 100 проценти македонски производ. Пееме македонски песни на македонски јазик, македонска музика и што е најинтересно од се, носиме македонска носија која што ни ја оставиле во наследство многу дедовци и баби. Дел од нив ќе бидат присутни денеска на сцената, голем дел од тие носии што ќе ги видите се можеби повеќе од 100 години стари. Познати сме по тоа што македонскиот народ е напатен народ, меѓутоа многу пати сме излегувале како победници, а како би излегле како победници освен ако не се држиме заедно во добро и зло.-додава Вучиќ во интервјуто за ИН ТВ.

“Танец” и во иднина ќе продолжи да го шири фолклорот на македонската култура и ќе продолжи да ги сплотува и зближува македонските заедници насекаде низ светот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*