
Јелена Розга од ова изминатово лето ужива во љубовта со 12 години помладиот белграѓанец за кој не сака да зборува во јавноста, но како што наведува со него е неизмерно среќна.
– Разликата од 12 години не им предизвикува никакви проблеми. После Стефан Хаусер, кој беше грешка за неа, нејзи и требаше еден човек кој ќе биде сосема спротивното од него, велат нејзините пријатели.
Во продолжение се вели дека Розга сака нивната врска да биде тајна барем некое време.
„Јелена не сака да ја изгуби приватноста и среќата што ги има покрај ова момче. На почетокот, таа го замоли да не открива по секоја цена дека е со неа. За нив знаат само нивните најблиски пријатели и сигурно нема да бидат подготвени некое време да излезат и да кажат дека е за заљбена во многу помлад маж. Сепак, тие планираат заедничка иднина и прашање на време е кога ќе откријат врската“
Leave a Reply