Милован Секулоски ќе одржи официјална промоција на првиот албум

Милован Секулоски го комплетира неговиот прв албум, на кој што ќе има десет авторски песни. “Еј песно наша”, песната за која што деновиве сними спот ќе биде носечка на албумот.

При крај се подготовките за издавање на првиот солистички албум на охриѓанецот Милован Секулоски, кој важи за еден од најдобрите машки вокали во Македонија. На албумот ќе има десет песни, од кои неколку фестивалски, но и некои кои досега не се промовирани. Носечка песна на албумот ќе биде “Еј песно наша”.

-Веќе се реализираат последните подготовки за издавање на новиот албум. Ни фали уште една песна која што деновиве ќе биде снимена. Албумот ќе се состои од десет песни, значи речиси од самиот мој почеток на естрадата од 2009-та година, па се до денес. Одбрав нешто од поголемиот број на песни, десет песни кои што мислам дека ќе бидат прифатени од публиката. На албумот ќе биде и оваа песна за која што снимивме спот, таа ќе биде и носител на албумот, а ќе ја има и Кога ќе ти дадам ишарет, која што веќе добро котира и е доста барана, како и некои песни од Валандовски фестивал. Со Господ напред, 27-ми ноември во среда во хотелот Нова Ривиера во Охрид планирам да ја направам таа промоција каде што ќе присуствувате и вие, екипата на ИН Продукција.-истакна Милован при интервјуто за ИН ТВ.

Милован пред само неколку денови сними спот за “Еј песно наша” во соработка со ИН Продукција. Спотот се очекува да биде промовиран деновиве на сателитската ИН Телевизија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*