Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд на 23-ти ноември во Ешалан, Швајцарија

Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд ќе бидат дел од јубилејната забава на друштвото “Македонија” од Ешалан, Швајцарија. Забавата ќе се одржи на 23-ти ноември во сабота, со почеток од 19 часот.

Швајцарија викендов повторно ќе биде центарот на македонските збиднувања. Во сабота 23-ти Ноември, Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд ќе настапат на јубилејната забава на друштвото “Македонија” од Ешалан, кои што прославуваат 30 години постоење.

Забавата ќе се одржи во Поли-Пите со почеток од 19 часот.

Ѓоко и Енерџи бенд ги покануваат сите нивни фанови и сите македонци да дојдат на забавата, а воедно им гарантираат незаборавна вечер.

Настапот во Швајцарија, Ѓоко го најави и при неодамнешното интервју за ИН ТВ, а следни нивни концерти надвор од Македонија се на 7-ми декември во Штудгард, Германија и на 14 декември во Гетебург, Шведска.

-Мора да кажеме дека сега на 23-ти ноември се гледаме во Швајцарија, во Ешалон. На 7-ми декември сме повторно во Германија во Штудгард и 14-ти декември сме во Гетебург, Шведска.-истакна Јовиќ, за естрадниот магазин Естрада плус.

Според најновите информации кои што ги доби нашата редакција, концертот во Гетебург на Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд е веќе распродаден до последното место.

#Please_Share23.11.2019Концерт во Ешелан Швајцарија🥰🥰🥰🥰🥰🥰🥰🥰🥰🥰🥰

Gepostet von Gjoko Jovik am Mittwoch, 30. Oktober 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*