Јелена Розга : Поради популарност ме тераа да правам пластични операции

Атрактивната Јелена Розга, пејачката со моќен глас и привлечен стас е една од ретките кои не поминале низ естетски корекции и успева да одолее на овој глобален тренд, за разлика од повеќето нејзини колешки.

Иако за мажите е совршена ваква каква што е  и апсолутно не гледаат никакви недостатоци на неа, некои луѓе сепак сметале дека Розга треба да мсени одредени делови од телото.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„На почетокот на мојата кариера кога дојдов да пеам во групата ‘Магазин’, ми беше кажано дека треба да ја зголемам устата, а да го стеснам носот… Имаше тука сè и сешто. Можеби требало, така што носот би ми бил поубав сега, но не прифатив. Сепак, не сакав, јас сум јас и не мислам дека има потреба да се менувам. Има толку многу убави девојки кои се унаказија со пластичните операции“ – изјавила Розга за српски „Блиц“.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Пејачката е шокирана од фактот дека младите девојки одат на естетски корекции и за тоа ја имаат поддршката од своите родители.

„Искрено, не можам да разберам дека родителите ги честат децата, купупувајќи им на подарок силикони за нивниот роденден“ – заклучи Розга, при посетата на Белград, каде има бројни обожаватели.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*