Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд со бројни настапи низ Европа

Полна агедна со настапи низ Европските земји за Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд. Нивните ангажмани периодов се најчесто во Германија, Швајцарија, Шведска.

За нивните настапи нема летен или зимски период. Ангажманите им се во голем број преку целата година, а периодов Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд се често на релација Македонија-Германија-Швајцарија. Веднаш по нивниот настап на отворањето на ресторанот Вила Молика, веќе утрото заминаа во Германија каде што имаа приватна забава. Ѓоко при неодамнешното интервју ја откри нивната агенда за месец ноември и декември низ Европските земји.

-Следниот ден заминавме за Германија, тоа беше приватна забава и ете ќе ја искористам оваа прилика да упатам еден голем поздрав до сите во Германија. Таму отпеавме еден прекрасен роденден и мора да кажеме дека сега на 23-ти ноември се гледаме во Швајцарија. На 7-ми декември сме повторно во Германија во Штудгарт и 14-ти декември сме во Гетебург, Шведска.-истакна Јовиќ, за естрадниот магазин Естрада плус.

За дочекот на Новата 2020 година Ѓоко и Енерџи бенд се веќе резервирани во Америка, поточно во Детроит, а потоа имаат и Австралиска турнеја.

-Најпрво одиме за Америка, па потоа за Австралија. Новата година ќе ја дочекаме таму во Америка, со Господ напред во Детроит. Штом ќе си дојдеме, ќе имаме отприлика десетина слободни денови за нашата фамилија и после тоа заминуваме за Австралија.-додава познатиот пејач.

Инаку, Ѓоко пред само неколку денови го сними спотот за песната “Другари, мои браќа“, кој се очекува да биде премиерно претставен на сателитската ИН Телевизија.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*