Во одлична атмосфера Милован Секулоски го сними првиот спот

“Еј песно наша” од Милован Секулоски ќе добие и свое видео. Станува збор за прв спот на Милован, а воедно и прва соработка со ИН Продукција.

Милован Секулоски во соработка со ИН Продукција го сними неговиот прв спот. Видео ќе си добие песната “Еј песно наша”, каде што како автор на текстот и музиката се потпишува Милован. Снимањето се одвиваше во прекрасниот амбиент на Хотелот Нова Ривиера во Охрид, а покрај Милован во видеото се појавуваат и младите момци од група Сарај, како и уште неколку млади лица кои придонесоа спотот да изгледа навистина прекрасно и комплетно.

-Снимањето помина многу убаво и забавно благодарение на гостите кои што беа вклучени во снимањето. Спотот е за песната Еј песно наша, а можам да се пофалам дека автор на текстот и музиката сум јас, а аранжманот е на Гоце Цоцески. Задоволен сум од сето она што го сработивме денес. Морам да ги поздравам колегите од групата Сарај кои што беа заедно со мене на бината, но и вработените од Нова Ривиера, прекрасни млади дечки кои беа добри глумци и одлично ја завршија нивната работа.-истакна Секулоски за естрадниот магазин Естрада плус.

Милован при интерјвуто за ИН ТВ ни открива и дел од приказната на песната “Еј песно наша”.

-Ова е акустична песна исполнета со акустични инструменти, таква ми беше и идејата. Преку текстот се упатува една порака дека песната може многу да ни помогне и да не излечи од разни состојби како тагата. Песната носи радост, едноставно Еј песно наша, ја испраќаме насекаде низ целиот свет за да донесе радост и среќа. Таа е и автобиографска бидејќи дваесет години наназад се дружам со песната и сме неразделни другари. Моите очекувања се да помине добро, да ја прифати публиката, бидејќи како што се мелодијата и композицијата е да се свири по рестораните. Инаку ова ми е прва соработка со ИН продукцика и можам да кажам дека се работи за вистински професионалци кои си ја знаат добро работата и сум навистина задоволен.-додава Милован, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, оваа песна ќе се најде на првиот солистички албум од Милован кој ќе има официјална промоција на крајот од месец ноември.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*