Благојче Стојановски Туше руши рекорди низ Австралија

Бројни настапи низ Австралија периодов има мега популарниот фолк пејач Благојче Стојановски Туше. За Дочекот на Нова Година, Благојче и уште неколку негови колеги од естрадата ќе настапат во “Doltone House” во Сиднеј.

Фолк пејачот Благојче Стојановски-Туше важи за еден од најбараните пејачи во Австралија. Тој во моментов остварува уште една Австралиска турнеја, а периодов има навистина голем број настапи низ повеќе градови во оваа далечна земја. Веќе е закажан и неговиот настап за Дочекот на Новата 2020 година, во Сиднеј.

-Овојпа ќе останам малку подолго во Австралија. Имам повеќе настапи, од кои три веќе ги завршив. На 30-ти ноември имам уште еден концерт во Мелбурн, на 13-ти декември сум во “BlueStone” истотака во Мелбурн. За Дочекот на Нова година настапувам во “Doltone House” во Сиднеј и после Нова Година имам уште неколку настапи за кои што ќе откријам понатака. Значи овојпат сум турбо со настапи.-открива Стојановски, за гледачите на ИН ТВ.

Како што открива во интервјуто за ИН ТВ, за Дочекот на Нова година ќе настапи заедно со Гоце Петрески-Бананата, Ташко Каранфиловски и младиот трубач Стефан Ночевски.

-За Нова година ќе бидам со Гоце Петрески-Бананата, Ташко Каранфиловски кој за прв пат ќе дојде во Австралија, естраден уметник од Македонија, а заедно со нас ќе настапи и Стефан Ночевски кој што е од Мелбурн.-додава тој.

Инаку, Благојче пред неколку месеци ја објави и песната “Ех што љубам едно девојче”, заедно со спот кој го изработи ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*