Ташко викендов ќе пее на забавата од Женскиот актив во Шведска

Тој е чест гостин кај неговите пријатели и обожаватели во Шведска. Ташко Каранфиловски, деновиве повторно отпатува таму, овојпат во Гетебург каде што има закажан настап во сабота на 16-ти ноември.

Ташко Каранфиловски веќе отпатува за Шведска, а веднаш по пристигнувањето имаше прекрасен дочек од неговите блиски пријатели. Поводот за ова патување во Гетебург е неговиот настап во сабота 16-ти ноември, каде што ќе пее на забавата од Женскиот актив.

-На 16-ти ноември ќе настапувам на Женската забава од Женскиот актив од Гетебург. Веќе неколку години им пеам на тие прекрасни жени и еве повторно по нивно барање и годинава пак ќе бидам присутен на таа забава. Си поминуваме супер, правиме една вечер да ни изгледа онака како што ние посакуваме.-истакна Ташко, пред неговото заминување за Шведска.

Добропознато на јавноста е дека Ташко е чест гостин во Шведска. Тој пред само извесен период престојуваше една недела во Трелебург бидејќи имаше ангажман на приватна забава. Како што вели во интервјуто, престојот го искористи и за дружење со неговите пријатели.

-Поминавме прекрасно, имаше доста посетители. Пред се, морам да кажам дека беа задоволни од мене што навистина тоа ми значи. Еве често одам во Шведска и Данска, па и Норвешка и навистина задоволни се луѓето и мене ми е тоа многу мило и се радувам на тоа. Бев една недела во Шведска, гостував на една свирка, малку се подружив со другарите. Оваа прилика ќе ја искористам да им се заблагодарам на огранизаторите и претседателот од Трелебург кои навистина одлично ме пречекаа многу добро, си поминавме една прекрасна вечер. Сум го кажал ова повеќепати, но ќе кажам уште еднаш дека тие прават да се чувствувам како дома и како цело време да сум со нив.-раскажува Каранфиловски, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Таше деновиве го промовираше неговиот најнов спот за песната “Само едно ми е важно”, која е посветена на неговата сопруга Мартина. Спотот се снимаше на неколку локации во Охрид, а го изработи ИН Продукција.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*