Како изгледаше моминската вечер на снаата на Цеца?!

Идната снаа на српската фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ, Богдана Родиќ, вчера во друштво на пријателките, сестра си и золвата Анастасија Ражнатовиќ ја славеше моминската вечер.

Десетината девојки на чело со невестата, во попладневните часови се сместија во луксузна лимузина, пуштија гласна музика, отворија шампањ и се упатија кон вилата која ја изнајмија во Белград.

Како и повеќето девојки кои слават моминска со смислена тематика во однос на облеката, така и тие се одлучиле сите да носат свилени баде-мантили, додека невестата носеше розов, а на главата, бел невестински вел. Иако бремена, Богдана не се штедеше максимално да се забавува, а откако стигнаа во вилата која имаше посебна декорација, забавата допрва се развиваше.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во изнајмената вила ги пречека еден музичар кој свиреше на клавијатури, а откако алкохолот ги опушти почнаа да пеат на микрофот.

Анастасија не ја пропушти оваа прилика за да запее некои од хитовите на мама Цеца. Мобилните им беа постојано вклучени на снимање, а Анастасија редовно објавуваше нова снимка за пред сите да покаже како минува оваа важна вечер во животот на снаата Ражнатовиќ.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*