Шакира проговори за најтешкиот период во животот

Пред две години, познатата пејачка Шакира поради здравствени причини ги откажа 17тите концерти кои беа дел од европската турнеја.

Во интервју за “The Guardian”, колумбиската пејачка откри што навистина се случило во тој период.

„Пеењето е она што сум јас.Тоа е мојот идентитет. Толку бев на дното поради гласните жици и имаше денови кога не можев да станам од кревет. Бев во депресија“ вели Шакира и додава дека искуството лошо влијаело на нејзиниот семеен живот.

ФОТО: КАЗИН.НЕТ

Таа објаснува дека со нејзиниот сопруг Жерар комуницирала со знаци бидејќи не можела воопшто да зборува.

„Не бев позитивна во тоа време, напротив, бев депресивна. На сите им беше тешко да ме поднесат. Жерар ме виде во најлошо издание“ објаснува пејачката.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Шакира ги игнорирала пораките дека мора на операција, па се лекувала со алтернативни методи. Таа се обидувала да се лекува со медитација, дури и со света вода.

За среќа, Шакирала оздравила  на природен начин и на сцената се врати во јуни 2018 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*