Татјана и Новица ги угостија Мартин Вучиќ и Љупчо-Бубе во Австралија

Од 17-ти до 24-ти ноември во Мелбурн, Канбера и во Сиднеј, по повод 70-годишнината од постоењето, ансамблот „Танец“ гостува во Австралија.

На чело на членовите на Националната установа е директорот Мартин Вучиќ, кој по пристигнувањето се упати на австралиско-македонска адреса каде го угостија со полна трпеза.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во Австралија кај и да си, кај естрадното брачно дуо Татјана и Новица мора да си! Кај нив, за секој Македонец вратата е отворена, а особено за колегите од музичката фела кои редовно ги посетуваат кога се на турнеја.

Директорот Вучиќ заедно со колегата Бубе од „Фортуна“ направија и една фотографија за спомен од посетата и убавата дружба кај Тања, а таа по пракса ја објави фотографијата на својот Инстаграм опишувајќи ја со зборовите:

-Моите драгоцени гости и колеги од Македонија, пишува Лазаревска.

Инаку, неодамна на гости кај Новица и Татјана беа и Благица Павловска и Маријана Новачевска.

Фото-спомен имаше и тогаш, а веруваме дека албумот со македонски гости во Австралија на пејачката е доста богат!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*