СЕКОЈА ЧЕСТ : Македонците во Швајцарија со хуманитарна забава за помош на лица од Македонија

Голема хуманитарна забава во Швајцарија, организира Македонското друштво „Пирок“. Насобраните парични средства ќе се донираат на повеќе лица од различни краеви на Македонија.

Членовите на Македонското друштво „Пирок“ од Швајцарија, во сабота на 16 ноември од 18:00 часот организираат голема Хуманитарна забава, на која ќе се собираат донации за лекување на повеќе лица од Македонија, меѓу кои и за струмичаните, Михаела Петрова од Куклиш, Никола Новоселски од Муртино, Ирена Танчева од Самоилово, Томе Jанев од Струмица.

Со секоја купена влезница посетителите донираат по 5 швајцарски франци за лицата на кои им се потребни средства за лекување, а средства ќе се собираат и со продажбата на традиционална македонска храна и слатки.

На забавата ќе настапат: Сузана Гавазова, Влатко Миладиноски, Дамјан Стојаноски, Ферус Мустафов, група Болеро со Кико, Антонија Гиговска, Aлен Хасановиќ, Јане Крстев, Орхан и Анил, DJ Guro Miks & DJ Trend.

Како што информираат од Македонското друштво „Пирок“ собраните средства ќе се поделат и на Симона Хаџи-Тошева од Штип, Јане Николов од Зрновци, Лидија Ристевска од Битола, Михаил Митевски од Охрид, Огнен Стојков од Свети Николе и за Љупчо Бојановиќ од Звегор, делчевско.

Медиумски покровител на настанот ќе биде сателитската ИН Телевизија, која ќе присуствува со своја екипа на хуманитарната забава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*