Во српските медиуми се појави вест дека Сања Малетиќ е пронајдена мртва, пејачката веднаш реагираше

Еден српски портал објави вест дека српската фолкерка Сања Малетиќ е пронајдена мртва.

Пејачката на својот профил сподели принтскрин од веста во која пишуваат и откри дека ова е голема лага.

„Злоупотребата на јавните личности и пласирањето на невистина и лаги ги преминува сите граници. Јас лично немам коментар на оваа глупост. Престанете да ги користите имињата на моите колеги за да пласирате разни болести“ напиша пејчката во описот на фотографијата.

За потсетување, сајтот кој често го менува името редовно објавува дека починале познатите личности,  а меѓу нив Душко Тошиќ, Халид Беслиќ и многу други.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*