УРНЕБЕСНО ВИДЕО: Владо Дојчиноски среде ноември скокна во Охридско езеро – Ѓоко Јовиќ пренесуваше во живо

Еден од најпознатите и најуспешни глумци на нашето поднебје, познат по мега-проектот со кој израснаа генерации, „Македонски Народни Приказни“, Владо Дојчиноски среде ноември скокна во Охридското езеро.

Имено, се работи за скок кој е направен за цели на продукцијата „ИН“, која снимаше спот за една прекрасна, нова песна на Ѓоко Јовиќ.

Ѓоко Јовиќ се вклучи во живо на Фејсбук и заедно со актерот упати поздрав до сите кои што следат, а притоа најави дека се пушта за да презентира на јавноста мал сегмент од приказната во спотот.

Владо Дојчиноски на знак даден од камерманите скокна во езерото и уживаше заедно со брановите, по што пливајќи излезе и прегрна свој колега.

Сцената која што беше емитувана во живо, всушност опишува многу емотивен момент од самата песна, но за што поточно станува збор, останува да видиме по официјалната промоција на песната.

Соработката помеѓу Владо Дојчиноски и Ѓоко Јовиќ трае од порано, кога актерот со уште неколку глумци беше ангажиран во спот за песната „Стојне моме на чорбаџи Стојана“.

Погледнете го видеото:

Ova e samo del od spotot, za mojata nova pesna ❤️

Gepostet von Gjoko Jovik am Dienstag, 12. November 2019

Извор : Дневно.мк

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*