Живе Мешуревски е релативно млад, но доста талентиран пејач

Иако е релативно млад, Живе Мешуревски е доста талентиран пејач. Студент е на Музичката Академија, но секогаш наоѓа време да ги заврши сите обврски.

Живе Мешуревски е релативно млад, но доста талентиран. Тој е студент на Музичката Академија во Скопје, втора година на отсекот соло пеење. Покрај факултетот, младиот пејач има и доста ангажмани околу неговата музичка кариера, снимање нови песни, спотови, но и настапи низ локалите и семејните прослави. Сепак, како што вели во интервјуто за ИН ТВ, успева да најде време и за факултетот и за музиката.

-Студент сум на Музичката Академија во Скопје, во класата соло пеење кај професорот Горан Начевски, кој што многу ми помага околу моите вокални способности. Иако ми е малку тешко и на факултет и со пеењето и овој дел од музичките активности, сепак наоѓам време и успевам се да сработам.-изјави младиот пејач, за естрадниот магазин Естрада плус.

И покрај многубројните обврски кои што ги има периодов, тој секогаш одвојува време и за неговите најблиски луѓе.

-Секогаш се наоѓа време за пријателите, фамилијата и посебно време сакам да посветам на домашните. Има време за се, а кога станува збор за спортските активности, не сум баш спортски тип, но можам да кажам дека одвреме-навреме сакам да пливам и често одам на пливање.-додава тој при интервјуто.

Инаку, Живе во соработка со ИН Продукција сними спот за неговата втора песна која што носи наслов “Не плаши се”. Спотот се очекува во најскоро време да биде промовиран на сателитската ИН Телевизија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*