Татијана Стефановска ќе промовира две нови песни

Татијана Стефановска во неодамнешното интервју за ИН ТВ открива дека во следниот период ќе претстави две нови песни. Песните ги работи со проверен и докажан тим. Инаку, пред околу две недели Татијана и Марјан Коцев одржаа спектакуларен концерт пред нашите македонци во Гетебург.

“Посебна”, “Си одам”, “Какво срце имаш ти”, “Битолчанка”, “Љубовна прашина”, “Џумбуш”, се само дел од нејзините бројни хитови. Татијана Стефановска неуморна кога станува збор за снимање на нови хитовски рефрени. Периодов, со добро одбран тим работи на нејзините две нови песни, кои што ќе ги промовира во најскоро време.

-Јас одамна веќе ја најавував една песна за која што ми требаше повеќе време. Во меѓувреме, отприлика за една недела ќе снимам нова песна. Значи ќе има две нови нешта со кои што ќе можам да се претставам на публиката за многу брзо време. Едната песна е на Дејан Момировски, текст Борче Нечовски, а другата е на Златко Миладиноски, текст Драган Матески.-открива Татијана, за естрадниот магазин Естрада плус.

Татијана пред само извесно време имаше концерт во Гетебург, Шведска, заедно со Марјан Коцев, а нејзините импресии ги сподели во интервјуто за ИН ТВ.

-Пред два викенди бев на концерт во Гетебург со мојот  колега Марјан Коцев. Супер си поминавме, тоа беше една луда забава, не очекував дека ќе биде толку бурно бидејќи очекував да биде онака како концерт меѓутоа тоа прерасна во едно лудило. Многу сум задоволна, поздрав до организаторот Диме Ангелоски и сопругата Даниела кои што одлично не пречекаа таму. Убаво си поминавме.-раскажува Стефановска.

Следниот нејзин ангажман е на 23-ти Ноември во Ресторанот “Комитски конак” во Плешенци, Пробиштип, но и има и доста закажани настапи на семејни прослави низ земјава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*