Стојне Николова : Убаво е кога младите пејачи ги обновуваат македонските песни

“Убаво е кога се снима нешто ново, дали авторски песни или проекти со кавери, бидејќи тоа е одличен начин да се презентира македонската музика.” Ова го истакна Стојне Николова при неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Македонската естрада во моментов е на доста завидно ниво. Нашите пејачи и музичари некако со забрзано темпо работат на снимање нови песни, но и проекти. Неодамна, во студиото на ИН Продукција ни гостуваа Стојне Николова и Елена Јовческа, кои промовираа заеднички проект. Станува збор за музички дуел кој се состои од познати македонски забавни и народни песни. При интервјуто за ИН ТВ, Стојне истакна навистина и е драго што нејзини колеги секој момент го користат за снимање нови песни, но и кавери со што според неа, се придонесува за зачувување и продолжување на векот на македонската песна.

-Мораме да работиме, затоа што ние ако не ја презентираме македонската музика, кој друг би ја презентирал. И мене ми е навистина драго кога младите пејачи ги обновуваат на некој начин македонските убави песни и им го продолжуваат векот. Да дадеме свој белег на некоја песна, да ја зачуваме и да направиме песната да биде до оригинал, но сепак да си оставиме некој свој белег.-изјави Николова, за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Стојне веќе го издаде нејзиниот прв албум кој е насловен “Мелем за душа”, а на кој се сместени сите песни на кои што таа работеше во изминатите години. Следен нејзин ангажман ќе биде настапот на годинешното издание на Роса Фест, каде што ќе изведе дует песна со нејзиниот колега Дамјан Стојаноски.

Во продолжение погледнете го музичкиот дуел на Стојне Николова и Елена Јовческа !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*