Рада Манојловиќ била депортирана од Цирих поради одмазда на моќен политичар

Рада Манојловиќ беше депортирана во Србија од Цирих, иако, како што истакна, може редовно да патува во земјата затоа што грешката во документацијата не била нејзина.

Како и да е, според најновите информации, еден крајно моќен политичар наводно стоел зад целата ситуација.

Како што пишува српски „Стар“, Рада го одбила кога и се додворувал, а според извор близок до пејачката сето ова всушност било негова одмазда.

“Минатата година, кога таа пееше во Цирих, моќен политичар и се додворуваше и ја повика да дојде во неговото сепаре, што таа одби. Инаку, тој важи за „валкан“ човек и изгледа дека само чекаше можност да и се одмазди на Рада”, вели изворот, но пејачката се уште не се огласила по ваквите шпекулации, освен тоа дека планира да ја тужи швајцарската полиција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*