“Македонска свадбарска музика” е насловен вториот албум од Златко Миладиноски

Познатиот хармоникаш, одличен музичар и композитор Златко Миладиноски издаде втор албум, со двд и аудио издание. Албумот е насловен “Македонска свадбарска музика”.

Виртуозот на хармоника, Златко Миладиноски го издаде својот втор албум. Станува збор за македонска свадбарска музика, како што е и насловен албумот кој се состои од двд и аудио издание.

-Тоа е вториот албум на Златко, насловен Македонска свадбарска музика во живо, Златко со нашиот бенд Интермецо, но има и доста гости на дувачки инструменти. Ферус Мустафов, Митко Бежаноски, Влатко Самарџиев и Новица Соколоски, тие гостуваат на дел од неговите инструментални изведби. Тоа е двоен албум, има и аудио и двд како што велат во Австралија едно за дома, а едно за во кола да има и за гледање и за слушање. Исто како и албумот Велат не нема. Двата албуми ги издава Сенатор Рекордс, во исто време излегоа и мојот и неговиот албум како и претходните.-истакна Влатко, при неодамнешното гостување во ИН Продукција.

Влатко во интервјуто за ИН ТВ вели дека заедно со неговиот брат Златко и понатаму ќе продолжат паралелно да ги подготвуваат нивните нови музички дела и песни за следните албуми.

-За него е втор албум, за мене трет. Првиот само ми беше солистички, додека наредните веќе паралелно ги работевме, па понатаму ќе видиме како ќе стигнуваме да снимаме, така ќе промовираме. Овој албум од Златко е едно заокружување на неговиот труд, на неговите соработки со гостите и групата во изминатиов период. Така да, ова е едно овековечување на тој труд.-додава Влатко, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Влатко и Златко важат за едни од најбараните македонски музичари, кои негуваат исклучиво македонска музика. Заедно со нивниот Интермецо бенд се доста барани како во нашата земја, така и надвор од неа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*