Гоце Џуклески го промовираше орото “Играорна романса”

“Играорна романса” е насловено најновото инструментално дело на Гоце Џуклески, кое што го сними пред само десетина дена, во студиото на Наум Џуклески. Орото е сместено во неговата книга “Македонска разгледница”.

Ново инструментално оро промовираше Гоце Џуклески во студиото на ИН Продукција. Орото носи наслов “Играорна романса”, а истото е сместено и во музичката збирка која што Гоце ја промовираше пред само краток период.

-Во музичката збирка е и орото кое што го промовиравме во ИН Продукција, гледачите ќе имаат можност да го слушнат, а неодамна го снимивме пред 10-тина или 15 дена. Се работеше во студиото кај мојот внук Наум Џуклески, а е насловено Играорна романса.-истакна Џуклески, при неодамнешното интервју.

Гоце пред гледачите на ИН ТВ, деновиве ја промовираше неговата книга “Македонска разгледница”. Книгата претставува мини учебник, во кој се сметени 31-но оро од неговата колекција на музичко творештво. “Охридска чалгија”, “Божикна веселба”, “Велигденско славје”, “Љубовна белегзија”, “Филипово оро”, се само дел од ората кои што се наоѓаат во неговата музичка збирка која е во соработка со познатиот музичар Сашо Ливрински.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*