Ечеше македонската песна во дискотека во Австралија : Стотици македонски млади грла пееја патриотски песни

Незаборавна македонска вечер се одржа во дискотека во Мелбурн, Австралија. Стотици млади македонски грла ги пееја македонските патриотски песни.

Во клубот “Positive” во Мелбурн, Австралија се одржа незаборавна македонска забава заедно со извонредниот Благојче Стојановски Туше, гајдаџијата Влатко Мелбурн и “Соната бенд”.

На големо изненадување, стотици млади луѓе кои потекнуваат од Македонија, во еден глас ги пееја македонските песни, посебно оние наши познати хитови со патриотска тематика. “Ја излези Ѓурѓо”, “Слушам кај шумат шумите” и уште многу други.

А интересно е тоа што покрај младите македонци, имало доста голем број на гости од различни нации кои се возхитувале на македонската песна, играле и пееле заедно со нашинците.

Според нашите блиски извори во Австралија, коментарите од гостите кои беа дел од забавата се дека ваква извонредна македонска вечер немало досега и дека истата уште долго ќе се памети.

Оваа македонска вечер е само уште еден доказ дека може да се направи одлична забава со исклучиво македонска музика и македонски песни.

Македонската вечер беше во организација на Џејмс Атанасовски од клубот “Positive” од Мелбурн, а се одржува во рамки на “Melbourne Cup”, трката со коњи која важи за една од најголемите манифестации во Австралија.

Во продолжение погледнете дел од тамошната атмосфера !

We are slamming and we thank you all. What a vibe right now! ❤️🇲🇰

Gepostet von Club Positive Australia am Montag, 4. November 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*